ECOPOWER SOLUTIONS > УСЛУГИ > ЗА ВАШИОТ ДОМ
Поставување на фотонапонски панели на вашиот дом е вистинското решение кое што ви носи голем број на бенифиции и придобивки. Овозможува пристап до електрична енергија во предели коишто немаат можност да се приклучат на енергетската мрежа, а на останатите домаќинства им овозможува стабилност во снабдувањето и значителни заштеди.

ПРИДОБИВКИ

ЗАШТЕДА
Фотонапонските панели значително ќе ги намалат вашите сметки за електрична енергија обезбедувајќи долгорочни финансиски придобивки.
ЕНЕРГЕТСКА НЕЗАВИСНОСТ
Создавате сопствена електрична енергија, ја намалувате зависноста од традиционалните извори на енергија и потенцијалните промени на цената на енергијата.
ЗГОЛЕМЕНА ВРЕДНОСТ НА ВАШИОТ ИМОТ
Со ваквата имплементација добивате независен (самоодржлив) објект.
МИНИМАЛЕН ТРОШОК ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Системот има потреба од повремено отстранување на нечистотијата или снегот од панелите за да во секој момент даваат максимален принос на енергија.
ДОЛГОВЕЧНОСТ
Панелите имаат животен век од над 25 години низ кои години се Ваш сигурен извор на енергија.
ПРИДОНЕС КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Овој извор е чист обновлив извор на енергија кој ги намалува емисиите на CO2 и придонесува за здравјето на планетата.

РЕШЕНИЈА ЗА ДОМОТ

Мрежно поврзан фотонапонски систем:
погоден за домаќинства коишто се поврзани на електричната мрежа. Вишокот на енергија во текот на денот се предава во мрежата и за тоа се добиваат кредити кои се одбиваат од енергијата која се користи во вечерните часови.
Самостоен фотонапонски систем:
погоден за домаќинства или викендици коишто немаат пристап до енергетската мрежа и целосно се напојуваат со енергија произведена од фотонапонски панели. Вишокот произведен во текот на денот се складира во батерии кои го напојуваат домот во вечерните часови.
Хибриден фотонапонски систем:
погоден за домаќинства кои се поврзани во електричната мрежа и сакаат максимално да ја искористат сопствено-произведената енергија со помош на батерии.
Станица за полнење на електрични автомобили напојувана од фотонапонски систем:
Вашиот автомобил ќе биде секогаш полн со енергија која е добиена целосно од обновливи извори. Остварете максимален придонес кон животната средина.
НАШИОТ ТИМ Е ТУКА ЗА ВАС!
ЗАКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА КОНСУЛТАЦИЈА И ДОЗНАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ