ECOPOWER SOLUTIONS > УСЛУГИ > ЗА ВАШИОТ БИЗНИС
Инвестицијата во фотонапонски систем носи повеќекратни придобивки за вашиот бизнис. Поволните услови за финансирање, брзиот поврат на инвестицијата, повеќекратно намалување на трошоците за електрична енергија и енергетската независност ќе овозможат унапредување на вашите оперативни процеси и зголемувањее на конкурентноста на пазарот. Од друга страна, посветеноста на одржливи решенија и намалување на CO2 емисиите ќе ја подигне репутцијата на Вашата компанија и ќе ви овозможи да привлечете клиенти кои ги делат истите вредности. Водете со пример во вашата индустрија со усвојување решенија за обновлива енергија, поставувајќи стандард за одржливост.

ПРИДОБИВКИ

ОГРОМНИ ЗАШТЕДИ
Цената на енергијата произведена од фотонапонски системи во нашето поднебје се движи околу 2 МКД по КWh, што е неколкукратно пониско од цената којашто ја плаќа вашиот бизнис.
ЕНЕРГЕТСКА НЕЗАВИСНОСТ
Повеќе од 30 години имате извор на непрекинато снабдување со електрична енергија кој не е подложен на пазарните ценовни флуктуирања.
ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ
Стабилното снабдување со електрична енергија со постојано ниски трошоци, ќе ви овозможи подобро планирање на вашите операции и зголемена конкурентност на пазарот.
МИНИМАЛНИ ТРОШОЦИ НА ОДРЖУВАЊЕ
Годишните трошоци на одржување се движат околу 1% од вредноста на инвестицијата.
ПОВОЛНИ ПОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Инвестициите во обновливи извори енергија уживаат силна поддршка во заедницата и имаат пристап до исклучително поволни изворни на финансирање, со ниски каматни стапки.
РЕПУТАЦИЈА
Инвестирањето во обновливи извори на енергија покажува посветеност на одржливост, што може да ја подобри репутацијата на вашата компанија и да привлече еколошки свесни клиенти.

РЕШЕНИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Мрежно поврзан фотонапонски систем:
задоволете ги дел од сопствените потребни со сопстено произведена енергија.
Хибриден фотонапонски систем:
погоден за клиенти кои сакаат максимално да ја искористат сопствено-произведената енергија со помош на батерии.
Станица за полнење за електрични автомобили напојувана од фотонапонски систем:
зголемете го задоволството на вашите клиенти и вработени и остварете максимален придонес кон животната средина.
Решенија за Вашите специфични потреби:
Развиени заедно со Вас за Вас
НАШИОТ ТИМ Е ТУКА ЗА ВАС!
ЗАКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА КОНСУЛТАЦИЈА И ДОЗНАЈТЕ ГИ СИТЕ ПРИДОБИВКИ